Mümin Altaş
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека командосите ја преминале границата за да учествуваат во операцијата „Канџа-тигар“, која што се одвива во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на својот профил на Твитер нагласи: „Тешко е да се биде командос. Во душата ја носиш љубовта кон земјата и нацијата, а на грбот товар од 40 кг. Синоќа нашите херои командоси ја преминаа границата за да учествуваат во операцијата Канџа-тигар.“
На профилот исто така споделено е видео од подготовките на командосите пред да заминат во операцијата пеејќи ја химната.
Освен операциите „Канџа-1“, „Канџа-2 “, „Канџа-3“ во северен Ирак, во рамките на борбата против терористичката организација ПКК, турските сили ја започнаа и операцијата „Канџа-тигар“. Операцијата има за цел уништување на позициите на терористите на северот на Ирак.
Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк, Зап и Хафтанин се наоѓаат во северен Ирак и претставуваат главно гнездо на терористичката организација ПКК.
Воените операции во пограничните региони се засноваат на правата на Турција според меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на ОН за борба против тероризмот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.