Beyza Binnur Dönmez
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турција денеска го критикуваше Вашингтон поради објавеното соопштение за неодамнешниот состанок меѓу турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и американскиот државен секретар Мајк Помпео, јавува Anadolu Agency (AA).
„Соопштението објавено денеска од страна на Стејт департментот и очигледно подготвено пред состанокот одржан меѓу министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и државниот секретар Мајк Помпео, не само што не ја одразува содржината на состанокот, туку исто така содржи прашања кои не беа покренати за време на состанокот“, истакна портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.
Истакнувајќи дека таквите инциденти се случиле и во минатото, Аксој нагласи дека сојузот меѓу двете земји, природно, бара таквите соопштенија да бидат подготвени со поголема грижа и дека алузијата за прашањата што не се покренати за време на состаноците треба да се избегнува.
Мајк Помпео и Мевлут Чавушоглу вчера одржаа состанок зад затворени врати во американскиот Стејт департмент, каде што дискутираа за билатералните односи и за прашања што се од заеднички интерес на двете земји.