Gökhan Ergöçün
04 Април 2019•Ажурирај: 07 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Турција продаде над 189.000 тони лешници во странство во првите седум месеци од извозната сезона, соопшти денес Здружението на извозници од регионот на Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Обемот на извозот на лешници во периодот од минатиот септември до март годинава падна за 0,95 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Турција оствари приход од 1,09 милијарда долари од извозот на лешници во текот на истиот период, што е намалување од 10 отсто.
Земјите од Европската Унија се на врвот на листата увозници на турските лешници, купувајќи над 76 проценти, односно околу 144.000 тони од вкупниот извоз на лешници од Турција, во текот на седум месеци.
Турција, најголемиот извозник на лешници во светот, минатата сезона (од септември 2017 до крајот на август 2018 година) оствари приход од 1,78 милијарда американски долари, со извезени речиси 287,000 тони лешници.