Sarp Özer
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека во сириски Идлиб се срушени два авиони на режимот на Башар ал Асад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на официјалната интернет-страница на Министерството се наведува дека срушените авиони „Су-24“ претходно извеле напад на турските авиони.
„Уништен е противвоздушниот систем на режимот кој го собори нашето вооружено беспилотно летало, и уште два такви системи на режимот“, се наведува во соопштението.
Силите на Асадовиот режим на 27 февруари изведоа воздушен напад на позициите на турските војници во Идлиб во кој 36 турски војници ги положија животите како шехиди. По тој напад, турските сили ја започнаа операцијата „Пролетен штит“ во тоа подрачје.