Berk Özkan
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Голем број нерегуларни мигранти пливајќи и со чамци преку реката Марица преминуваат во Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници нерегуларни мигранти пристигнаа во Едрене со цел да преминат во Европа. Непријавените мигранти преку неколку села во околината на Едрене, пливајќи и со чамци продолжуваат да преминуваат на грчкиот брег.
Грчката полиција и војска се обидуваат со пукање во воздух и викање да ги разбркаат непријавените мигранти кои ја преминуваат реката Марица. Мигрантите кои ги забележуваат грчките војници се кријат во трската покрај брегот на реката.
Додека во воздухот на повеќе јазици одекнуваат предупредувања наменети за непријавените мигранти, некои од нив развлекоа јажиња од еден на друг крај од реката. Групите мигранти кои ги развлекоа јажињата продолжуваат да чекаат да влезат во Европа.
Може да се забележи дека мигрантите, кои со такси-возила и минибуси пристигнале во граничните села, со себе понеле само малку облека.
Се дознава дека некои групи ја чекале ноќта за да ја преминат границата.