Sena Güler
18 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
ДИЈАРБАКИР
Најмалку петмина осомничени се приведени денес во југоисточна Турција поради посредување во киднапирање на дете за да биде регрутирано во терористичката организација ПКК, откако сведочеше предадениот терорист кој беше киднапиран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористот е киднапиран пред пет години кога имал 14 години, а пред некое време се предаде на безбедносните сили“, вели безбедносен извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Како дел од истрагата покрената од обвинителите во југоисточната област Дијарбакир, мрежата која посредувала за вклучувањето на терористот во терористичката организација ПКК е откриена“, вели изворот.
„Изршена е рација на адресите на осомничените и петмина од нив се приведени“, додава изворот.
Мајките чии деца се принудно регрутирани во терористичката организација ПКК, на 3 септември минатата година започнаа протест, кој секојдневно започна да се зголемува пред седиштето на Народната демократска партија (ХДП) во турскиот град Дијарбакир. Партијата се обвинува дека е поврзана со терористичката органиација ЈПГ/ПКК.
Досега, речиси 20 терористи се предадоа по повикот на нивните семејства и напорите за убедување на турските безбедносни сили.
Лицата поврзани со терористичките организации кои се предаваат во Турција имаат право на можно намалување на казната во рамките на Законот за покајание.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.