Seyit Ahmet Aytaç
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца терористи на ПКК се неутрализирани во воздушната операција извршена во северен Ирак денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турскиот Генералштаб, објавено на Твитер, се вели дека терористите, кои подготвувале напади врз турските бази, биле неутрализирани во регионот на Метина.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои има и жени и деца.