Mehmet Tosun
01 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека двајца терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во регионот на „Изворот на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека двајца терористи на ПКК/ЈПГ, кои отвориле вознемирувачки оган за да го нарушат мирот и безбедноста во регионот на „Извор на мирот“, се неутрализирани од Турските вооружени сили.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.