Muhammed Ali Toruntay
19 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 5 терористи на ПКК се неутрализирани во областа Метина, северен Ирак, како дел од операцијата „Канџа-Молња“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите херојски вооружени сили продолжуваат да ги уништуваат скривалиштата на терористите во северен Ирак. Како дел од операцијата „Канџа-Молња“, 5 терористи на ПКК откриени во Метина се неутрализирани од нашите хеликоптери АТАК“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат и во северниот дел на Ирак, од каде што планираат напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.