Merve Yıldızalp
19 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
АНКАРА (АА) – Заклучно со 23:00 часот по локално време, во Турција администрирани се вкупно 63.378.139 дози вакцини во рамките на борбата против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците достапни на веб сајтот „covid19asi.saglik.gov.tr“ на Министерството за здравство на Турција, заклучно со 18 јули во 23:00 часот по локално време администрирани се 38.958.169 први дози од вакцините против Ковид-19, а бројот на луѓе на кои им е администрирана и втора доза се искачи на 20.788.806.
Заедно со третата доза, вкупно се администрирани 63.378.139.
Во Истанбул се администрирани 11.620.975 дози вакцини, во Анкара 5.161.548 дози, а во Измир 4.263.875 дози.
- Од Ковид-19 починаа 66 лица -
На веб-страницата „covid19.saglik.gov.tr“ споделени се и последните податоци за состојбата со коронавирусот во Турција.
Според информациите, во последните 24 часа во Турција направени се 233.946 тестови за Ковид-19, 7.680 луѓе се позитивни, а 66 лица починале од последици на Ковид-19. Бројот на лица кои оздравеле од вирусот изнесува 5.835.
Меѓу населението постаро од 18 години, стапката на оние што ја примиле првата доза од вакцината е 62,74 проценти, а стапката на оние што примиле втора доза од вакцината е 33,38 проценти.
Во рамките на борбата против Ковид-19, во последните 24 часа се администрирани вкупно 473.508 вакцини.
Десетте области со најголема стапка на лица што примиле барем една доза вакцина се Мугла, Чанаккале, Киркларели, Едрене, Баликесир, Амасја, Ескишехир, Ајдин, Измир и Билеџик.
Областите со најмала стапка на лица што примиле барем една доза вакцина се Битлис, Шанлиурфа, Мардин, Сиирт, Дијарбакир, Муш, Батман, Бингол, Игдир и Ѓумушхане.
„Ајдин, Измир и Текирдаг се близу до сината боја. Да ги следиме мерките без да правиме отстапки. Следењето на мерките за време на празникот Бајрам ќе придонесе да славиме и по Бајрам“, рече министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа.
Во рамките на борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), Министерството за здравство администрираше 5.557.815 дози вакцина за една недела.
- Министерот за здравство им се заблагодари на фудбалските клубови -
Министерот за здравство на Турција, Коџа, им се заблагодари на спортските клубови Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ, што ги поканија навивачите и љубителите на фудбалот да се вакцинираат.
Коџа на својот профил на Твитер ги сподели пораките што спортските клубови Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ ги споделија на своите официјални профили на социјалните мрежи: „Ние ги превиткавме ракавите за нашето здравје (#KollarımızıSıvıyoruz) и се вакцинираме. И вие вакцинирајте се, за да ја искусиме возбудата на фудбалот заедно на стадионите во сезоната 2021-2022.“
„Фановите во целосен состав треба да бидат на трибините. Да се вакцинираме и да се заштитиме од болеста“, нагласи министерот Коџа, заблагодарувајќи се на трите спортски клуба.