Erdoğan Çağatay Zontur
26 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили неутрализираа најмалку четворица терористи на ПКК во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана преку Твитер соопшти дека терористите биле неутрализирани во подрачјето на Хакурк, откако биле откриени со тековните активности за извидување и надгледување.
„Антитерористичките операции на Турција продолжуваат без запирање“, порачаа од Министерството.
Терористите на ПКК често како засолништа користат подрачја во северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.