Serdar Açıl
12 Мај 2020•Ажурирано: 12 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 3 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите командоси не им дозволуваат на терористите да влезат во областа на „Извор на мирот“. Неутрализирани се 3 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот за да го нарушат мирот и безбедноста во областа“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.