Mehmet Tosun
02 Јуни 2024•Ажурирај: 04 Јуни 2024
АНКАРА (АА) – Министерството за одбрана на Република Туркије соопшти дека турските сили неутрализирале најмалку 16 терористи на ПКК/ЈПГ во северните делови на соседните Ирак и Сирија, известува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека најмалку 14 терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции на турската армија во планинските области Хакурк и Метина во северен Ирак.
Уште двајца терористи на ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, се неутрализирани на северот на Сирија, во област што турските сили претходно ја ослободија од терористичката окупација.
Турските сили најавија дека решително ќе ја продолжат борбата додека целосно не ја елиминираат терористичката закана во регионот.
ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која се наоѓа на списокот на терористички групи во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД).
За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авасин-Басјан, Хакурк, Зап и Хафтанин во северен Ирак се главните упоришта на терористичката организација ПКК во оваа земја.