Sefa Şahin
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 10 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад во регионите на „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека продолжуваат да ги неутрализираат терористите кои се подготвуваат за напади.
„Уште 10 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвуваа да извршат напади на регионите на „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“ се неутрализирани од нашите Турски вооружени сили“, се нагласува во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.
Од 2016 година, Турција започна неколку успешни антитерористички операции преку границата со Сирија со цел да се спречи формирање терористички коридор и да се осигура безбедна средина за враќање на раселените. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во текот на над 30 години, ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.