Merve Berker
22 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 10 терористи на ЈПГ/ПКК кои извршија напад во северна Сирија, област во близина на јужната граница на Турција, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа неутрализирани откако отворија оган и се обидоа да се инфилтрираат во зоната на операцијата „Извор на мирот“, каде што Турција спроведе прекугранична антитерористичка операција во 2019 година“, соопшти Министерството на Твитер.
„Продолжиме праведно да ги казнуваме терористите чија единствена цел е да пролеваат крв во регионот“, се додаде во соопштението.
Турските власти го користат зборот „неутрализира“ за да наведат дека терористите за кои станува збор се фатени, се предале или се убиени.
Исто така, од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПК е сириски огранок на ПКК.