Ruslan Rehimov
24 Октомври 2023•Ажурирај: 25 Октомври 2023
БАКУ (АА) - Турските и азербејџанските сили ја спроведуваат заедничката воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк-2023“, која започнаа вчера, јавува Анадолу.
Вториот ден од тридневните тактички вежби, што се одбележува и како „Ден на истакнати набљудувачи“, продолжи со учеството на турските и азербејџанските командоски единици, како и на турски Ф-16 и беспилотни летала Бајрактар ТБ2, кои изведоа различни маневри против замислени непријателски цели.

На „Денот на истакнати набљудувачи“ на воената вежба присуствуваа турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер и неговиот азербејџански колега Закир Хасанов, како и министерот за одбрана на Таџикистан, Шерали Мирзо.
Вежбите, со учество на 3.000 воени лица од двете земји, се спроведуваат во различни делови на Азербејџан, меѓу кои и во. главниот град Баку, Автономната Република Нахчиван и на териториите ослободени по 44-дневната војна со Ерменија во пролетта 2020 година.