Barış Gündoğan
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушни операции во северниот дел на Ирак, во чии рамки се уништени цели на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, турските сили извршиле воздушна операција во подрачјето на Метина, Гара, Хакурк и Хафтанин, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операциите уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје.