Ferdi Türkten
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, се состана со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, меѓуделегациската средба предводена од Калин и Џефри се одржала во комплексот на турското Претседателство, и на неа се разговарало за последните случувања во Сирија.
На средбата отворено се истакнати приоритетите на Турција за национална одбрана.
Исто така, во текот на средбата делегациите се осврнале на различни теми, како што се борбата против тероризмот во источниот дел на Еуфрат и низ Сирија, за безбедносната зона, спроведувањето на Мапата на патот во врска со Мунбич, за борбата против сите терористички елементи, вклучувајќи ги и ДЕАШ, ПКК/ЈПГ/ПЈД, зачувување на договорот за Идлиб, постигнување политичко решение во рамки на територијалниот интегритет на Сирија и за обновата на Сирија.
Делегациите нагласиле дека регионот ќе се исчисти од сите терористички групи, а се согласиле и за постигнување конечен резултат по преговорите што ќе се одржат меѓу техничките делегации на Турција и САД.
На средбата страните укажале на важноста од продолжување на соработката во врска со Сирија во рамки на принципите на доверба и транспарентност.