?kipa
01 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
ХАКЌАРИ (АА) – „Белите водопади“ во областа Чукурџа, во Хакќари, Турција, со својата убавина ги фасцинираат посетителите, пишува Anadolu Agency (AA).
„Белите водопади“ кои го привлекуваат вниманието на посетителите, течат од карпите на планината Сабир, и се наоѓаат на 10 километри од автопатот Чикурџа - Хакќари.
Со доаѓањето на пролетта и со топењето на снегот во високите предели, нивото на вода во водопадите е зголемено. Домашните и странските туристи кои доаѓаат во регионот за да го посетат водопадот уживаат во белата вода соединета со зелената природа.
Љубителите на фотографијата, кои доаѓаат во областа во рамките на Фестивалот „Фотосафари и природни спортови“, ги фотографираат и Белите водопади.
Посетителите, исто така, се обидуваат да се освежат од водопадот, кој тече само во текот на два месеци од годината.
Ибрахим Дуру, од Дијарбакир, истакнувајќи дека е восхитен од природната убавина на областа, рече: „Видов дека водата тече помеѓу карпите од планината. Ова е место кое вреди да се посети, и треба да доаѓаат луѓе од секоја општина. Навистина вреди да се видат овие убавини“.
Џемре Тан, еден од посетителите, истакна дека во последните две години во областа има забележителни промени.
Тан, раскажа дека Чукурџа има убавини слични на регионот на Црно Море. „Има луѓе што доаѓаат да ја видат оваа убавина кои живеат надвор од пошироката околина. Претходно, поради тероризмот имаше проблеми, сега веќе нема проблеми во однос на безбедноста. Ги повикуваме сите да ги видат овие убавини. Сè е многу убаво“.