?????
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ВАН (AA) - Поради обилните снежни врнежи во провинциите Ван, Битлис, Мус и Хакари, на истокот на Турција, 678 села се отсечени од останатите места, јавува Anadolu Agency (AA).
Од раните утрнински часови 343 населби во провинцијата Ван беа отсечени од остатокот на земјата, а локалните екипи на цивилната заштита се обидуваат да ги исчистат патевите и да воспостават сообрајќај. На возачите без пропишаната зимска опрема не им е дозволено движење во повисоките предели.
Поради обилните падежи откажани се и утринските летови за турските градови Истанбул, Анкара, Анталија и Адана.
Според соопштението на регионалниот Хидрометеоролошки завод снегот ќе продолжи да паѓа и во наредниот период, а се очекуваат и поледици. Во соопштението е наведено дека и силен ветер ќе го зафати регионот што би можело да предизвика превртување на дрвја, но и материјална штетна на населението и патиштата.
Според соопштението од Кабинетот на гувернерот на Битлис, на истокот на Турција, по обилните снежни падежи 298 села се отсечени од остатокот на градовите. Од метереолошкиот завод во Битлис информираа дека висината на снегот во центарот на градот изнесува 50, а во повисоките предели и до 70 сантиметри. Претпоставуваат дека падежите ќе продолжат до утрешните попладневни часови, по што не би требало да има падежи до крајот на наредната недела. Акциите на чистење на снегот цо провинцијата Мус, почнаа касно синоќа и сеуште траат. Екипите на цивилната заштита се обидуваат да воспостават контакт со девет отсечени села.
Високиот снег неповолно влијаеше и на животот во Хакари, провинцијата во која поради временските неприлики се отсечени 10 села и 18 селца.
Во местото Јукселова, провинцијата Хакари снегот од 20 сантиметри заглави 15 лица и шест возила. Заглавените лица ги спасија екипите на цивилната заштита.
Претставниците на локалните власти соопштија дека снегов во овој регион ќе продолжи да паѓа и во наредните денови.