Merve Berker
27 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 148 терористи во Турција, во рамките на антитерористичката операција „Јилдирим“, која започна на 13 јули, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството вели дека фатени се 77 соработници на терористите, додека уништени се 571 пештера, засолниште и магацин користени од страна на терористите.
„Запленети се и големи количини оружје и муниција, храна и други основни средства за живот“, се додава во соопштението.
Министерството нагласува дека сепаратистичката терористичка организација ПКК не може да формира бази зимно време и дека нема можност да се движи слободно или да комуницира на територијата на земјата.
Операцијата „Јилдирим-17 Беста“ продолжува со цел целосно елиминирање на терористичката организација и спречување да го добие изгубениот капацитет.
„Продолжува операцијата „Јилдирим-17 Беста“, која ја започна нашето министерство, во областите Ван, Ширнак и Сирт под раководство на Командата на жандармеријата за јавна безбедност во Ван.“
Во операцијата учествуваат 197 оперативни тимови составени од 3.251 припадник, вклучително и тимови од командоси на жандармеријата, тимови за специјални операции на жандармеријата (JOH) и полициски тимови за специјални операции (POH).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.