Zuhal Demirci
14 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавусоглу, денес ќе престојува во посета на Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се вели дека Чавушоглу на 14 јуни, среда, ќе престојува во официјална посета на Катар.
Планирано е за време на посетата турскиот шеф на дипломатијата да се состане со министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдурахман ал-Тани и со емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани.
Во соопштението се наведува дека за време на посетата ќе се разговара за билатералните односи и за последните случувања во регионот.
Да потсетиме, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и Јемен на 5. јуни соопштија дека ги прекинуваат сите дипломатски односи со Катар, кого го обвинуваат дека го поддржува тероризмот.
На дипломатите од Катар им е наложено во рок од 48 часа да ги напуштат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои за таа земја го затворија и својот воздушен простор.