Sertaç Bulur
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени во експлозија што денес се случи во индустриската зона во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Силната експлозија се случи во продавница за резервни автоделови во индустриската зона „Иведик“ во подрачјето Јенимахале, во главниот град на Турција, Анкара.
Според првичните информации од теренот, во експлозијата загина едно, а повредени се три лица.
На местото на настанот пристигнаа голем број медицински, противпожарни и полициски екипи, а истрагата за експлозијата е во тек.