Mikail Bıyıklı
07 Октомври 2025•Ажурирај: 07 Октомври 2025
ГАБАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во азербејџанскиот град Габала со претседателскиот авион за да присуствува на 12-от Самит на Организацијата на туркиски држави (OTS), јавува Анадолу.
Ердоган на Меѓународниот аеродром „Габала“ беше пречекан од азербејџанскиот министер за наука и образование, Емин Амрулаев, гувернерот на Габала, Себухи Абдулаев, амбасадорот на Азербејџан во Турција, Рашад Мамедов, и амбасадорот на Турција во Баку, Бирол Акѓун.
Ердоган е придружуван од делегација составена од министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за трговија Омер Болат, министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК) Хајати Јазиџи, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК) и шеф на Одделот за односи со туркиски држави Курсад Зорлу, заменик-претседателот на Партијата за правда и развој и раководител на одделот за здравствени политики Халит Јеребакан, заменик-претседателката на парламентарната група на АК Партијата, Лејла Шахин Уста, директорот за комуникации на претседателот, Бурханетин Дуран, главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Килич, генералниот секретар на Партијата за националистичко движење (МХП) Исмет Бујукатаман, претседателот на Меѓупарламентарната група за пријателство Турција - Азербејџан, Шамил Ајрим, и пратеничката од Истанбул на АК Партијата, Дерја Ајајдин.
По пристигнувањето, Ердоган и неговата делегација се упатија кон Конгресниот центар „Хејдар Алиев“, каде што се одржува Самитот.
Се очекува претседателот да им се обрати на учесниците за време на Самитот, кој се одржува под темата „Регионален мир и безбедност“, а исто така ќе присуствува и на официјалната вечера што ја организира азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.