Турција, свет

Турскиот претседател Ердоган пристигна во Рим за меѓувладиниот самит на Туркије и Италија

Ердоган беше свечено пречекан од Мелони во резиденцијата Вила Памфили во Рим

Seda Sevencan  | 29.04.2025 - Обновена : 29.04.2025
Турскиот претседател Ердоган пристигна во Рим за меѓувладиниот самит на Туркије и Италија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ/РИМ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во Рим за да учествува на четвртиот меѓувладин самит на Туркије и Италија, на покана од италијанската премиерка Џорџа Мелони, јавува Анадолу.

Ердоган беше свечено пречекан од Мелони во резиденцијата Вила Памфили во Рим. По свечениот поздрав од почесната гарда, двајцата лидери се ракуваа и позираа за фотографите.

Очекувано е на самитот да се разговара за чекори за унапредување на соработката меѓу Туркије и Италија, како и за актуелни регионални и глобални прашања.

Планирано е потпишување на неколку билатерални договори што ќе ја зацврстат правната основа на односите, а исто така ќе се одржи и бизнис-форум со учество на претставници од деловните заедници на двете земји.

Ердоган е придружуван од високи турски претставници и советници, меѓу кои министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за трговија Омер Болат, министерката за семејство и социјални услуги Махинур Оздемир Ѓокташ, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, директорот на Националната разузнавачка организација Ибрахим Калин, директорот за комуникации Фахретин Алтун, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, како и директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија Халук Ѓоргун.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın