Ekipa
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Заменик-претседателот на Турција, Фуат Октај, истакна дека активностите на сондажа кои ги спровeдува Турција во подрачјето на Источниот Медитеран ќе продолжат со решителност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Знаете за настаните во Источниот Медитеран. Во активностите за сондажа која јужната страна ја води во областа која ја доминира нелегално, Турција е вклучена во сопствениот континентален гребен и во рамките на спогодбите со Турската Република Северен Кипар. Овие активности за сондажа ќе продолжат со решителност“, рече турскиот потпретседател Октај, одговарајќи на прашањата на новинарите по Бајрамската молитва (Бајрам намаз) во големата џамија „Чамлиџа“ во Истанбул.
Октај, во изјавата, истакнувајќи дека Турција поминува низ убави денови во однос на економијата, рече дека инфлацијата почнала да паѓа, и дека исто така има пад и кај каматната стапка и дека тој тренд ќе продолжи.
- „Турција е на почетокот на една нова ера на подем“ -
Октај истакна дека во последната година има преродба во економијата и исклучително успешна година во борбата против тероризмот внатре во земјата и надвор.
„Славењето на Бајрам во ваков ден претставува задоволство за сите нас. Ние постојано ова го кажуваме. Турција се наоѓа на почетокот на една нова ера на подем. Видовме дека со нашиот нов претседателски систем, една работа која во нормални услови може да трае со години, се решава многу бргу. Како народ имаме надеж и доверба за нашата иднина. Честит Бајрам на целиот народ.“
Фуат Октај, одговарајќи на новинарското прашање „Дали имате порака за граѓаните на Кипар?“, рече: „Им го честитам празникот на нашите кипарски граѓани. Ние постојано сме со нив. Имаме духовно заедништво. Имаме заедничка цел. Всушност, имаме заедничка надеж.“
- „Ние секогаш ја подаваме маслиновата гранка“ -
Во однос на бродот за сондажа „Јавуз“ во Источниот Медитеран, Октај рече:
„Знаете за настаните во Источниот Медитеран. Во активностите за сондажа која јужната страна ја води во областа која ја доминира нелегално, Турција е вклучена во сопствениот континентален гребен и во рамките на спогодбите со Турската Република Северен Кипар. Овие активности ќе продолжат со решителност. Во моментот, нашите бродови „Јавуз“, „Фатих“ и „Барбарос“ се во регионот. И Оруч Реис ќе се упати во регионот. Одлучни сме по ова прашање. Во Грција е формирана нова влада. Нашиот претседател прв ја честиташе новата влада. Ако се работи за подавање на маслинова гранка, ние секогаш ја подаваме, но тоа е предлог-решение за политичка еднаквост на Турците од Кипар и рамноправна распределба на ресурсите.“