Fatma Sevinç Çetin
06 Февруари 2023•Ажурирај: 06 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку 1.541 лице загинаа, а 9.733 се повредени во земјотресите, потврди турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Анадолу.
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Туркије. Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во турски Кахраманмараш.

Областите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис се тешко погодени во земјотресот. Земјотресот е почувствуван и во соседна Сирија, каде има и жртви, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.
Потоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер во 13:24 часот по локално време го погоди дистриктот Елбистан, исто така во Кахраманмараш.
Потпретседателот Октај изјави дека се случиле вкупно 142 последователни потреси, и дека се срушиле 3.741 згради.
Според Управата за вонредни состојби на Туркије (АФАД), вкупниот број на лица вклучени во пребарување и спасување во регионот изнесува 9.698.
„Во моментов нема опасност од цунами кое би го погодило источното медитеранско крајбрежје на Туркије“, соопштија од АФАД.
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата е потресена од најголемата катастрофа од земјотресот во Ерзинџан во 1939 година.