Турција

Турскиот парламент ги осуди израелските напади врз Сирија

- Големото народно собрание на Турција во средата вечерта го одобри предлог на претседателството на парламентот со кој се осудуваат израелските напади врз Сирија

Ahmet Buğra Olaç, Meriç Ürer  | 17.07.2025 - Обновена : 17.07.2025
Турскиот парламент ги осуди израелските напади врз Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) - Големото народно собрание на Турција во средата вечерта го одобри предлог на претседателството на парламентот со кој се осудуваат израелските напади врз Сирија, известува Анадолу.

Парламентот најостро ги осуди подлите напади на Израел врз Сирија, особено врз Дамаск, и ја потврди својата поддршка за сирискиот народ.

„Најостро ги осудуваме грозоморните напади на Израел врз Сирија, особено насочени врз Дамаск. Ја повторуваме нашата поддршка за сирискиот народ“, се вели во резолуцијата на турското собрание.

Во Големото национално собрание на Турција, пратениците од Партијата на правдата и развојот (АК), ЏХП, МХП, ИЈИ и Јени Јол гласаа за предлогот, додека пратениците на партијата ДЕМ беа воздржани.


- Напади на Израел врз Сирија

Израел изврши воздушни напади врз Дамаск во среда, насочени кон Министерството за одбрана и областите во близина на претседателската палата.

Сириската армија распореди војници во покраина Сувајда за да воспостави ред по судирите до кои дојде меѓу вооружените групи Друзи и Бедуини. Во овие судири животот го загубија најмалку 30 лица.

Напади следеа откако Израел ги продолжи нападите вр јужната покраина Сувајда, предупредувајќи дека ќе продолжат со агресијата доколку сириските сили не се повлечат од Сувајда.

Израелската војска како образложение за нападите наведува дека имаат за цел да го заштитат малцинството Друзи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.