Lale Bildirici
06 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, заедно со граѓаните синоќа присуствуваше на стражата за демократија, што започна да се одржува од вечерта на обидот за државен удар па сè до денес. Тој изрази задоволство што е заедно со граѓаните пред куќата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Кисикли, Ускудар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овие предавниците треба да ги отстраниме од нашата армија, војска, полиција, суд и од државните институции. Се инфилтрирале и во моето министерство. Сите нив ги разрешувам. Ним, не можам да ги оставам државјаните што се во странство како аманет. Ним, не можам тајните на државата да ги оставам како аманет. Ним, не можам ништо да им оставам како аманет. Од нив ќе ја бараме сметката за нашите загинати. Ќе барам сметка за сè што направија против овој народ“, рече министерот Чавушоглу.
Чавушоглу рече дека ноќта на 15 јули народот напишал еп за кој зборува целиот свет, и додаде: „Вие како народ, што направивте удар против ударот, влеговте не само во турската историја туку и во светската историја. Се гордееме со тоа што сме ваши деца, вас ве претставуваме, вам ви служиме и се гордееме со тоа да бидеме ваши слуги. Многу ви благодариме. Целиот свет со восхит зборува за турскиот народ. Целиот свет зборува за тоа дека турскиот народ без оружје во рака, без нож во рака, со своите раце и со своето верување им се спротистави на тенковите, авионите и вооружените насилници – предавници“.
- „На пријателите и непријателите им ја покажавме големината на турскиот народ“ -
Чавушоглу истакна дека во Турција имало и такви што поради неуспехот на ударот се вознемириле и се растажиле.
„Во овој процес постојат и такви што ја поддржуваат предавничката ФЕТО. Тие велат: ‘Сè уште нема докази дека тој е извршителот’. Твоите очи од одбивност и од омраза веќе не гледаат. Ги гледате тие што користејќи го обидот за удар, зборуваат со навреди против Турција, турскиот народ, претседателот Реџеп Таип Ердоган, исламот, нашето верување и против нашата култура. Тие, што и да прават, какви планови и да направат, залудно е. Ете тие, предавниците што ги поддржавте, направиле секакви планови. Но испуштиле нешто. Ако имаат планови тие, планови има и мојот народ и мојот Бог. Не ги научиле турскиот народ и неговата големина. На пријателите и непријателите им ја покажавме големината на турскиот народ“.
Чавушоглу во своето обраќање рече дека има некои што се обидуваат на Турција да ѝ држат лекција за демократија, и ги продолжи: „Во нашата земја убија 239 наши граѓани. Нивните права не ги споменувате. Ги споменувате правата на злосторниците. Европските медиуми потполно се обединија. Пишуваат против Турција. Искористувајќи ја ситуацијата, европските политичари зборуваат со навреди кон Турција. И плус, почнаа да ги навредуваат и граѓаните што живеат во Европа. Во последната година, има раст за 42 % во нападите против муслиманите. Вие прво контролирајте го вашиот расистички народ, па после префрлувајте му на мојот народ. Исто како вас, речиси 21 ден, и нашите турски браќа во Виена, Австрија, со знамиња во рацете го поддржуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган. Еве, најмногу ги вознемирува ова. Таа Турција што се газеше пред вас, веќе остана во минатото. Овој народ веќе не се гази“.