Mümin Altaş, Sarp Özer
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека немало напад или интервенција врз аеродромот во Авганистан, и додаде дека како резултат на работата на Турските вооружени сили со елементите на другите земји, авионите почнале да полетуваат и слетуваат безбедно, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар одговараше на новинарски прашања за последните случувања во Авганистан и за турските војници стационирани на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“.
Нагласувајќи дека вчера со авион на Командата на воздухопловните сили на Турција, од Авганистан евакуирани се над 200 државјани на Република Турција, Акар рече: „Правиме напори аеродромот да биде отворен и безбедно да му служина целиот Авганистан.“
Додаде дека ова прашање ќе стане појасно по контактите кои треба да се направат, и дека конечната одлука за аеродромот ќе биде донесена соодветно.
„Како резултат на работата на елементите на Турските вооружени сили со елементите на другите земји, авионите почнаа да полетуваат и слетуваат безбедно. Во последните два дена извршени се 64 лета. Во меѓувреме, различни земји продолжуваат со активностите за евакуација на своите граѓани од Авганистан“, нагласи Акар.
Истакна дека досега немало напад или интервенција врз аеродромот. „Преземени се и продолжуваат да се преземаат сите мерки на претпазливост за безбедноста на турските војници. Поаѓајќи од тоа дека ситуацијата во секој момент може да се промени, со чувствителност и голема грижа ја следиме состојбата. Во случај да се појави некоја друга ситуација, имаме дополнителни мерки и соодветни планови. И тие ќе ги примениме.“
- „Ние сме на исто мислење“ -
Потенцира дека ставот на Турција по прашањето за пружање помош на авганистанските браќа е добро познат на целиот свет.
„Стоиме покрај нашите авганистански браќа од 2002 година. Во тоа време се расправаше и во НАТО, и се поставуваше прашањето ‘Кога ќе заминете?‘, на што секогаш одговаравме: ‘Ќе останеме овде колку што сакаат нашите авганистански браќа.‘ Ние сме на исто мислење. Со авганистанските браќа имаме заеднички историски и културни врски. Нашите активности продолжуваат на начин што доликува на нашата благородна нација и историја. Ги продолжуваме нашите активности координирано,“ истакна Акар.