Diyar Güldoğan
13 Април 2023•Ажурирај: 13 Април 2023
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, утре (петок) ќе престојува во еднодневна посета на Австрија, јавува Анадолу.
Чавушоглу ќе оствари билатерална средба со неговиот австриски колега Александар Шаленберг, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи.
Министерот одделно ќе оствари средба и со Рафаел Мариано Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), и Хелга Марија Шмид, генерална секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE).
Чавушоглу ќе присуствува и на ифтарска вечера.