Diyar Güldoğan,Muhammed Enes Çallı
29 Ноември 2023•Ажурирај: 30 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се состана со неговите колеги во рамките на состанокот на НАТО во Брисел, јавува Анадолу.
Фидан престојува во белгискиот главен град за да присуствува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, на кој ќе се зборува за војните во Украина и на Блискиот Исток, како и за растечката стратешка конкуренција.
Тој се состана со неговиот естонски колега Маргус Цахкна на разговори за билатералните односи и неодамнешните случувања во Украина.
Фидан и Цахкна разменија ставови и за актуелните случувања во врска со Алијансата, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Одделно, Фидан одржа состанок зад затворени врати со неговиот албански колега Игли Хасани.
„На состанокот, министрите ја потврдија својата решеност за зајакнување на соработката меѓу Туркије и Албанија на сите полиња. Тие разменија мислења и за најновите случувања во однос на Балканскиот Регион и Газа“, соопшти Министерството на X.
Фидан, исто така, одржа одвоени разговори со неговиот норвешки колега Еспен Барт Еиде и шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром на маргините на состанокот на НАТО.
„За време на состаноците што се одржаа во Постојаното претставништво на Туркије во НАТО, се разговараше за билатерални прашања како и за најновата ситуација во процесот на пристапување на Газа и Шведска во НАТО“, соопшти Министерството.
Се додава дека Фидан имал средби и со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, на кои станало збор за човечката трагедија во Газа и актуелните прашања во врска со Алијансата.
На состанокот на Фидан зад затворени врати со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, се разменети мислења за билатералните односи и последните случувања во Газа и Украина.
Претходно, шефот на турската дипломатија одвоено се состана со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.