Muhammed Yasin Güngör,Beril Çanakcı
08 Јануари 2025•Ажурирај: 08 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес се состана со својот колега од Турска Република Северен Кипар (ТРСК), Тахсин Ертугрулоглу, јавува Анадолу.
Средбата се одржа во Лефкоса, главен град на Турската Република Северен Кипар, каде што Ертугрулоглу претходно му посака добредојде на Фидан по пристигнувањето.
На состанокот присуствуваа и турскиот амбасадор во Лефкоса, Јасин Екрем Серим и амбасадорот на Турска Република Северен Кипар во Анкара, Исмет Корукоглу.
Во рамките на посетата Фидан се состана и со претседателот на ТРСК, Ерсин Татар, а ќе се состане и со претседателот на Парламентот, Зија Озтурклер и премиерот Унал Устел.
Се очекува и заедничка прес-конференција со претседателот Татар.
Фидан престојува во дводневна работна посета на Турска Република Северен Кипар.
На Кипар постои повеќедецениски спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци и покрај серијата дипломатски напори на Обединетите нации (ОН) за постигнување сеопфатно решение.
Последниве години имаше неколку обиди за мировен процес, вклучително и неуспешната иницијатива во 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Туркије, Грција и Велика Британија.