Adel Ömeragiç
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Пратениците на црногорското собрание денеска ја избраа 41. влада со гласовите од 41 пратеник од владејачкото мнозинство. На чело на Владата ќе биде Душко Марковиќ, заменик на претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС). Новата влада ќе има 19 министри и три потпретседатели, јавува Anadolu Agency (AA).
Новата Влада ја сочинуваат претставници на шест политички партии, и тоа ДПС, Социјалдемократите, Либералната партија и малцинствата - Бошњачка партија и коалицијата Албанци одлучно и Хватската граѓанска иницијатива.Пратениците на овие партии во парламентот гласаа за новиот состав на владата.
Новиот премиер Душко Марковиќ најнпаред на пратениците им ја претстави програмата за работа на владата за наредните четири години после што ги соопшти и имињата на министрите во својот кабинет.
Владата ќе има три потпретседатели, Рафет Хусовиќ од Бошњачка партија, кој ќе биде задолжен за регионален развој, Зоран Пажина од ДПС кој ќе биде потпретседател за политички систем и министер за правда, како и Милутин Симовиќ од ДПС, кој ќе биде потпретседател на владата за економска политика и воедно министер за земјоделство.
Во однос на претходната влада на Мило Ѓукановиќ, укинато е министерството за информатичко општество, телекомуникации, додека нови ресори се Министерството за спорт и млади, потоа Министерството за јавна управа, како и Министерството за економски работи.
Министерката за јавна управа ќе биде Сузана Прибиловиќ од ДПС, со министерство за спорт и млади ќе реководи Никола Јановиќ (ДПС), славниот црногорски ватерополист, додека на чело на министерството за европски работи ќе биде Андрија Пејовиќ (ДПС) главниот преговарач на Црна Гора со ЕУ.
Новиот министер за одбрана на Црна Гора е Предраг Бошковиќ (ДПС) досегашниот министер за образование, додека новиот шеф за црногорската дипломатија досегашниот амбасадор на Црна Гора во САД, Срѓан Дармановиќ (ДПС).
На чело на министерството за економија ќе биде Драгица Секулиќ (ДПС), додека нејзиниот партиски колега Мевлудин Нухоџиќ го презеде ресорот на внатрешни работи.
Министер за финансии ќе биде Дарко Радуновиќ (ДПС), досегашниот директор на Прва банка, министерот за култура ќе биде Јанко Љумовиќ (ДПС), поранешниот директор на Црногорскиот народен театар, додека ресорот за одржив развој и туризам ќе го води Павле Радуловиќ (ДПС). На чело на министерството за наука ќе го води Саља Дамјановиќ (ДПС).
Кенан Храповиќ од Социјалдемократите е новиот министер за здравство а на Социјалдемократите им припадна и ресорот образование, со кој ќе раководи Дамир Шеховиќ.
Министерот за сообраќај е Осман Нурковиќ од Бошњашка партија, додека ресорот за труд и социјална грижа му припадна на неговиот колега Кемал Пуршиќ. На чело на министерството за човекови права ќе биде Мехмет Зенка од коалицијата Албанци одлучно. Марија Вучиновиќ од Хрватската граѓанска иницијатива ќе биде министер без ресор.
На парламентарните избори, кои се одржани на 16 октомври, Демократската партија на социјалистите освои 36 мандати, Демократскиот фронт 18, Клуч девет, Демократите осум, а Социјалдемократската партија четири мандати.
Социјалдемократите и Бошњачка партија освоија по два, а коалицијата Албанци одлучно и Хрватската граѓанска иницијатива по еден пратеник.