Besar Ademi
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
СКОПЈЕ (AA) – Собранието на Република Македонија денеска ја избра преодната Влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори на 11 декември, како што потпишаа четирите најголеми политички партии во договорот од 20 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Нов министер за вантрешни работи е Оливер Спасовски, а Фросина Ташевска Ременски е министер за труд и социјална политика. За Спасовски гласаа 95 пратеници, а двајца беа против. Ременски, пак, доби поддршка од 94, а против гласаа двајца пратеници.
Пратениците ги избраа и новите допоплнителни заменици министри. Оливер Андоновски ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Диме Спасов за труд и социјална политика, Кире Наумов за финансии, Александар Кирацовски за информатичко оптество и администрација и Љупчо Николовски за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На почетокот на седницата беа констатирани оставките на досегашните министри за внатрешни работи Оливер Андонов и за труд и социјална политика Диме Спасов.
Премиерот Емил Димитриев, образложувајќи го предлогот за министри, изјави дека очекува од сите членови на владата висока посветеност и да работат совесно и одговорно.
„Главен фокус на новата влада треба да биде организирање фер и демократски избори кои никој не ќе може да ги оспори и кои ќе претставуваат крај на политичката криза.Сметам дека политичката криза во Република Македонија е при самиот крај и убеден сум дека организрањето на изборите и формирањето на нова политичка влада ќе значи нова перспектива за граѓаните во Република Македонија", истакна Димитриев.