Kadir Yıldız
09 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
КОЏАЕЛИ (АА) - Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, присуствуваше на инаугурацијата на новиот Центар за истражување и развој на групата Прометеон во Коџаели, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Многу сум среќен и возбуден што нашите паметни млади луѓе учествуваат на натпревари за електрични возила што сами ги дизајнираа и произведоа. Навистина искрено верувам дека иднината на нашата земја е светла, благодарение на овие млади луѓе, од кои секој има огромен потенцијал“, рече Варанк и додаде:
„Некои од нив, се разбира, ќе развиваат нови технологии токму тука во Центарот за истражување и развој.“
Тој нагласи дека младите се движечката сила на развојот и напредокот на државата, особено во технолошката ера.
„Нашите млади луѓе ќе ги водат инвестициите што ги правиме во многу области, од авијација до вселена, од одбранбена индустрија до електрични возила, од софтвер до вештачка интелигенција“, рече Варанк, истакнувајќи дека младите се фокусирале на активностите и плановите како дел од сеопфатната визија на националниот технолошки напредок.
Тој, исто така, рече дека Турција е најбезбедното пристаниште за сите инвеститори.
„Нашата земја е најпрофитабилното и најбезбедното пристаниште во светот за инвеститорите, благодарение на силниот финансиски систем, стабилната макроекономска структура и атрактивните стимулации“, нагласи Варанк.
Како што рече, постојат различни активности во Турција кои го поттикнуваат приватниот сектор да истражува и да се развива.
„Бројот на технолошки паркови во нашата земја достигна 89, бројот на истражувачки и развојни центри - 1.251, а бројот на центри за дизајн - 345“, рече Варанк.
Тој додаде дека турската економија продолжува да напредува, и покрај предизвиците што ги носи пандемијата на коронавирусот.
„Нашата економија покажува силни знаци на закрепнување во постпандемскиот период“, истакна министерот за индустрија и технологија на Турција.