Gözde Bayar
30 Септември 2023•Ажурирај: 02 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Високи турски претставници денес ја осудија Шведска што дозволи чин насочен против претседателот Реџеп Таип Ердоган во близина на турската амбасада во Стокхолм, јавува Анадолу.
„Го осудуваме грозоморниот напад кон нашиот претседател во близина на нашата амбасада во Стокхолм“, порача Акиф Чагатај Килич, главниот советник на Ердоган, преку платформата X.
„Сите видови кривични дела и навреди станаа слободни под маската на слободите во Шведска, каде што злосторствата од омраза и терористичката пропаганда станаа секојдневие“, нагласи Килич.
Повикувајќи ги шведските власти да стават крај на оваа непромислена ситуација и да ги преземат неопходните мерки, тој истакна дека нивниот рамнодушен однос нема да има друга корист освен да станат „марионета во рацете на терористичките организации“.
И портпаролот на АК Партијата, Омер Челик, изјави дека таргетирањето на претседателот Ердоган е кршење и на вредностите на Турската Република.
„Го осудуваме грозниот напад насочен кон нашиот претседател во близина на нашата амбасада во Стокхолм. Шведските власти се одговорни за овие напади“, напиша Челик на X.
Не може да се дозволи злосторствата од омраза и терористичката пропаганда да ги загрозат демократските вредности, рече тој и ги повика шведските власти да ги сопрат злосторствата од омраза и терористичката пропаганда.
„Ќе продолжиме одлучно да се бориме против сите напади насочени кон нашиот претседател и вредностите на Турската Република. Оние кои ги извршуваат овие напади, како и оние кои ги штитат, се дел од истата грдост. Борбата против овој менталитет е неопходна за заштита на демократските вредности“, додаде тој.
Провокативниот чин беше насочен кон Ердоган пред Турската амбасада во Стокхолм.
Во провокативниот чин, кој се случи под полициска заштита, е запалена прототипна фигура со ликот на турскиот претседател.
Провокаторот го изрази своето спротивставување за приемот на Шведска во НАТО како и кон турскиот претседател.
Откако нордиската земја ја соопшти својата намера да се приклучи на НАТО, во земјата беа извршени различни провокативни дејства насочени кон Туркије, турското знаме, Ердоган и муслиманската света книга Куран.
Шведска поднесе барање за членство во НАТО во февруари 2022 година, веднаш откако Русија започна војна во Украина. Туркије, која, како и сите членки на НАТО, мора да ја одобри кандидатурата за членство на Шведска, нагласи дека за да добие членство, Стокхолм мора да ги сузбие терористите и исламофобичните провокации на нејзина територија.
Турскиот Парламент ќе го каже последниот збор есенва.