Mehmet Tosun
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) во изминатите денови спроведe низа успешни операции против терористичката организација ПКК и ги неутрализира терористите кои подготвувале напади во Турција по повод 15 август и одбележувањето на почетокот на терористичките активности на таа организација, јавува Агенција Анадолија (AA).
МИТ операциите ги изведе по разузнавачките информации дека три терористички ќелии на ПКК се подготвуваат да спроведуваат терористички активности во Турција.
Турската разузнавачка служба ги следела истакнатите припадници на ПКК, на кои наредба за изведување напади им издал еден од актуелните водачи на таа терористичка организација, Мурат Карајилан.
Во една акција на 11 август неутрализиран е 45-годишниот терорист Мурат Калко, кој го користеше кодното име Агит Гарзан, а станува збор за водачот на ПКК во ирачки Хакурк, кој водел една од ќелиите што подготвувале напади во Турција.
Калко е член на ПКК од 1993 година и поради вмешаност во голем број терористички напади се наоѓа на црвената листа на најбарани терористи во Турција.
МИТ ги следеше и останатите две ќелии на ПКК кои подготвувале терористички активности во Турција, а во акции на 13-ти и 14-ти август неутрализирани се шест истакнати припадници на таа терористичка група.
Тешките удари кои турскиот МИТ ѝ ги нанесува на ПКК во северен Ирак предизвикаа пресврт во терористичката организација и сè повеќе нејзини припадници бегаат од камповите.
Експертите тврдат дека врвот на ПКК претрпел толку големи загуби што веќе не е во состојба да спроведува терористички активности во северен Ирак.