Çiğdem Münibe Alyanak
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Сезоната на годишни одмори е во тек, но поради пандемијата на коронавирусот многумина одморот го поминуваат во своите градови или држави. Така, жителите на Истанбул освежување од летните температури и релаксирање од секојдневниот стрес побараа во Аква паркот, јавува Агенција Анадолија (AA).
На плажите воведени се дополнителни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, поради што многумина се одлучија за исклучително забавна алтернатива - Аква паркот.

„Марина Аква парк“, во истанбулскиот дистрикт Тузла, минатата година ги отвори своите врати минатата, а поради мерките и препораките воведени за спречување на ширењето на Ковид-19 работи со намален капацитет.
Аква паркот со 17 тобогани, спреј парк и базен со бранови, нуди забава како за деца така и за постарите лица.
За оние малку похрабрите тука е и „Looping Rocket“, кој е еден од највисоките во Европа, а на љубителите на адреналинот им нуди авантура од висина од 24,5 метри.
Посетителите имаат можност да уживаат и во спуштањето со „Навигатур“, кој дава чувство на возење со ролеркостер.