Cankut Taşdan
21 Февруари 2024•Ажурирај: 23 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Во големите градови, како главниот град Анкара и финансискиот центар Истанбул, турската полиција приведе 47 лица за кои се сомнева дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, изјави министерот за внатрешни работи на Туркије, Али Јерликаја, пренесува Анадолу.
Јерликаја на социјалната платформа Х нагласи дека полицијата, исто така, извршила истовремени рации со операцијата „Боздоган-6“ во градовите Адана и Бурса, под координација на Управата за безбедносно разузнавање и Одделот за антитероризам.
Дваесет и двајца осомничени, кои работеле за ДЕАШ, беа приведени во Истанбул, друг е фатен во Кирикале, уште 15 во Анкара, двајца во Адана и седум во Бурса.
„За мирот, единството и солидарноста на нашата сакана нација нема да им дадеме никаков одмор на тие терористи“, рече тој.
„Ќе ја продолжиме нашата борба непрекинато со супериорните напори на нашите безбедносни сили“, додаде Јерликаја.
„Вкупно 1.162 операции се спроведени против ДАЕШ од 1 јуни 2023 година, а во операциите беа заробени 2.402 осомничени“, рече тој, честитајќи ѝ на полицијата за успешните операции.
Туркије е една од првите земји што ја прогласи ДАЕШ за терористичка организација. Оттогаш повеќепати беше нападната од терористичката организација, со повеќе од 300 жртви и стотици повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.