Sena Güler
11 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) – Турската полиција дели леб за граѓаните кои останаа дома поради ограничувањето на движењето во рамки на мерките за борба против ширењето на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
На социјалните мрежи споделени се фотографии на полициските службеници како им делат леб на граѓаните во 31 од вкупните 81 област на Турција, каде живеат 63 милиони од вкупното население на Турција кое брои 82 милиони жители, во текот на дводневниот полициски час кој почна да се спроведува од полноќ во петокот.
Покрај полициските службеници, исто така и членовите на Групата за социјална поддршка делеа леб.
Оваа група е формирана од страна на Министерството за внатрешни работи на оваа земја на 22 март за помагање на постарите жители над 65-години и на лицата кои имаат потреба, особено тие кои живеат сами или се со хронична болест, бидејќи тие се соочуваат со најголем ризик од коронавирусот.
Турските здравствени власти последно соопштија дека во земјата починале 1.101 лице поради Ковид-19, додека бројот на откриени случаи изнесува 52.167.