Турција

Турската крајбрежна стража спаси 44 мигранти, истуркани назад од грчките сили

Турската крајбрежна стража соопшти дека тимот е испратен во областа недалеку од Чешме, во западната област Измир, по сознанијата за групата мигранти

Handan Kazancı  | 05.12.2020 - Обновена : 06.12.2020
Турската крајбрежна стража спаси 44 мигранти, истуркани назад од грчките сили

ИЗМИР (АА) - Турција спаси најмалку 44 мигранти чии чамци Грчката крајбрежна стража ги истурка назад во турските територијални води во Егејското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турската крајбрежна стража соопшти дека тимот е испратен во областа недалеку од Чешме, во западната област Измир, по сознанијата за групата мигранти.

Според соопштението, 25 мигранти биле пренесени до брегот.

Турските тимови спасија уште 19 мигранти од два чамци недалеку од Дикили во Измир.

Чамците биле истуркани назад во турските територијални води од страна на Грчката крајбрежна стража.

По рутинските проверки, мигрантите биле однесени во обласната канцеларија за миграции.

Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонство.

Претходно оваа година, Турција ги отвори своите граници за нерегуларните мигранти, обвинувајќи ја ЕУ дека не ги исполнила своите ветувања во рамки на договорот за мигранти од 2016 година.

Турција е домаќин на речиси 4 милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.