Ahmet Gençtürk
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
АНКАРА
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу денес изјави дека Турција завршила со изградбата на безбедносниот ѕид долг 81 километар, долж нејзината источна граница со Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој ги сподели вестите на социјалната мрежа Твитер заедно со објавени фотографии од ѕидот, лоциран во источната област Агри.
Нагласувајќи дека ѕидот е дел од напорите за зајакнување на граничната безбедност на Турција, тој се заблагодари на јавната компанија ТОКИ која ги изврши работите околу изградбата, како и на другите изведувачи на работите, локалните власти и безбедносните сили, кои овозможија завршување на изградбата на ѕидот.
Турција дели граница со Иран која е долга 534 километри, а со јакнењето на безбедносните мерки на границата, Турција сака да ја зајакне борбата против криумчарењето, нелегалните мигранти и терористите на ПКК.
Во 2018 година Турција изгради бетонски ѕид од 764 километри на нејзината граница со Сирија.