Sena Güler
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турската крајбрежна стража спаси најмалку 26 мигранти кои биле истуркани кон територијалните води на Турција од страна на грчките сили, при обид да влезат во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите тргнале од брегот на Егејското Море во турската област Чанаккале на гумен чамец. Тие сакале да стигнат до грчкиот остров Лезбос.
Групата која се состоела од државјани од Авганистан, Сомалија и Централна Африка, била фатена од Грчката крајбрежна стража и истуркана назад кон турските води.
По нивното спасување, турските власти им обезбедија храна и облека. Меѓу мигрантите имаше и две деца и пет жени.
Турција е една од главните рути за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа, особено по избувнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.
Земјата згрижува речиси четири милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја во светот.