Handan Kazancı
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 381 мигранти во текот на изминатата недела, соопшти денес Командата на Турската крајбрежна стража, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во периодот помеѓу 5 и 11 јуни, вкупно 381 мигранти се задржани или спасени во 14 различни инциденти, објави Крајбрежната стража на Твитер.
Оттаму соопштија дека се уапсени тројца криумчари, а споделени се и фотографии од спасувачките операции на турските тимови, на кои се гледа како со целосна заштитна опрема ја проверуваат телесната температура на мигрантите.
Турција е една од главните рути за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа, особено по почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.
Турција згрижува речиси четири милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.