Ali Ballı
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
МУГЛА
Турската крајбрежна стража кај градот Мугла спаси најмалку петмина мигранти, чиј чамец Грчката крајбрежна стража го врати во турските води на Егејското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата на Крајбрежната стража на Турција се наведува дека припадниците на Крајбрежната стража спасиле мигранти во крајбрежното подрачје во местото Бодрум.
Сите спасени мигранти се префрлени во канцеларијата за миграции во областа.
Турција е една од главните рути за мигрантите и барателите на азил кои сакаат да преминат во Европа, особено по сириската граѓанска војна што започна во 2011 година.
Во Турција моментално има речиси четири милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.