Mehmet Şah Yılmaz,Behlül Çetinkaya
06 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турската државна агенција за соработка и координација (ТИКА) им подаде рака на повеќе од 1 милион луѓе во 92 земји како дел од нејзината кампања за Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Серкан Кајалар, челникот на ТИКА, за АА изјави: „Стигнавме до повеќе од 1 милион луѓе носејќи помош од Турција до 92 земји - од Авганистан до Албанија, од Бангладеш до Етиопија, од Пакистан до Колумбија, од Азербејџан до Сомалија и Палестина.“
ТИКА, исто така, им помогна на бегалците од Украина каде што беснее војна.
„Речиси 100.000 украински бегалци имаа корист од пакетите со храна што ги дистрибуиравме во Молдавија. Исто така, обезбедивме пакети со храна за 200 семејства во Босна и Херцеговина за украинските бегалци“, рече Кајалар.
Тој истакна дека проектите што ги спроведува ТИКА се насочени кон развој на пријателски и братски земји.