Agnes Szücs
01 Септември 2023•Ажурирај: 06 Септември 2023
БРИСЕЛ (АА) - Туркије ќе се приклучи на Дигиталната европска програма на Европската Унија (ЕУ) за поддршка на дигитализацијата на јавните организации и бизниси со вкупен буџет од 7,5 милијарди евра, објави Европската комисија, пренесува Анадолу.
Извршното тело на ЕУ во соопштение рече дека е потпишан договор за асоцијација за Дигиталната европска програма со Туркије.
Откако ќе заврши процесот на ратификација, „Туркије ќе може да пристапи до повиците на Дигиталната европска програма, со вкупен буџет од 7,5 милијарди евра во периодот 2021-2027 година“, се вели во соопштението.
Според програмата, малите и средни претпријатија, јавните и другите организации ќе можат да аплицираат за грантови од ЕУ за проекти за унапредување на дигиталните технологии, во области како што се вештачката интелигенција или напредните дигитални вештини и да формираат центри за дигитални иновации во Туркије.
Европската комисија изрази надеж дека Туркије „ќе поттикне поблиски врски со економијата и општеството на ЕУ, ќе соработува повеќе за развој на нашите технолошки способности“ со помош на Дигиталната европска програма.