Sefa Şahin
27 Февруари 2023•Ажурирај: 27 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јешилјурт во Малатија, Туркије, јавува Анадолу.
Земјотресот е регистриран во 12:04 часот по локално време.
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) извести дека епицентарот на земјотресот бил во областа Јешилјурт во Малатија.
Земјотресот е почувствуван и во околните области. Регистриран е на длабочина од 6,96 километри.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на почетокот на месецот се искачи на 44.374.