Ayşe Yıldız
18 Ноември 2022•Ажурирај: 19 Ноември 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Познатото турско летувалиште Анталија досега оваа година го посетиле рекорден број германски и британски туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Управата за култура и туризам на Анталија, оваа туристичка дестинација забележа над 13 милиони пристигнувања на странски туристи од 1 јануари до 15 ноември, што е за 48 отсто повеќе од пред една година.
И покрај крајот на сезоната, во градот кој има 2.575 објекти и капацитет од 635.000 легла, и понатаму пристигнуваат околу 8.000 до 10.000 туристи дневно.
Меѓу странските посетители најбројни се Русите, а за десет месеци 2,8 милиони од нив го посетиле ова подрачје, потоа Германците (2,7 милиони) и Британците (1,1 милион).
„Бројките ги надминаа нивоата пред пандемијата со динамична сезона оваа година“, изјави за АА гувернерот Ерсин Јазиџи.
Наведувајќи дека војната во Украина го променила туристичкиот профил на Анталија, Јазиџи рече дека медитеранскиот град доживеал нагло зголемување на бројот на туристи од европските земји.
„Оваа, 2022 година, беше година со најголем број туристи од Германија и Велика Британија досега“, рече тој.
Тој нагласи дека годинава се очекува приходите од туризмот да се зголемат за 30 отсто.
„Се надеваме дека ќе ја завршиме годината со 13,5 милиони туристи“, додаде Јазиџи.